Путин: Ќе одговориме на нападот

Од:

Украинските сили мора да бидат протерани од областа Курск, а Русија ќе одговори на украинските напади, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

На седницата на Советот за национална безбедност тој посочи дека со инвазијата на Курската област, Украина се обидува да ја подобри својата преговарачка позиција, пренесува РИА.

„Но, за какви преговори можеме да зборуваме со луѓе кои пукаат во цивили“, рече Путин.

Тој оцени дека и Украина со нападот се обидува да го забави руското напредување на фронтот, додавајќи дека и покрај тоа руските сили напредуваат.

Путин додаде дека Украина ќе настојува да продолжи со дестабилизација на пограничните региони.

Би можело да ве интересира

Го задржуваме правото да одговориме со нуклеарно оружје доколку Западот не нападне, порачува Шојгу

ВИДЕО: Русија на Киев испали 215 дронови и проектили

ВИДЕО: Голем руски напад на Киев и Харков: деветмина мртви, десетици повредени

Белата куќа: Трпението на Трамп за Украина е при крај

Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп