Путин ја спореди опсадата на Ленинград со холокаустот

Од:

Блокадата на Ленинград е на исто ниво со монструозните злосторства против човештвото како што е Холокаустот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на концертот „Победа на Ленинград“ посветен на 81-годишнината од целосното ослободување на градот.

„Апсолутно е јасно дека блокадата на Ленинград е меѓу таквите монструозни злосторства против човештвото како што се Холокаустот, логорите на смртта, казнените акции на нацистичките соработници против цивилното население“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Тој потсети дека оваа трагедија траеше речиси две и пол години и беше без преседан по размерите на суровост и цинизам.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра