Путин ја додели државната награда на Стивен Сигал

Од:

Владимир Путин на холивудскиот актер Стивен Сигал му ја врачи руската државна награда. Кремљ истакна дека актерот го добил рускиот орден за пријателство за неговата меѓународна хуманитарна и културна работа.

Во декретот се споменува работата на Сигал како специјален претставник на Министерството за надворешни работи за хуманитарни односи со САД и Јапонија.

Во 2021 година, американскиот актер, наводно, се приклучил на партија про-Кремљ, а минатото лето го посетил делот на источна Украина контролиран од Русија за да се сретне со сепаратистички лидер поддржан од Русија.

Во 2017 година, Украина му забрани на Сигал да влезе во земјата на пет години поради национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец