Путин им оддаде почит на убиените руски затвореници: „Го платија својот долг кон општеството“

Од:

Русија ја одбележа првата годишнина од нејзината анексија на четири јужни украински региони, при што претседателот Владимир Путин им оддаде почит на руските осуденици убиени во битката и го прогласи 30 септември, Денот на обединувањето со Русија за официјален празник.

Руските сили не контролираат целосно ниту еден од четирите окупирани региони: Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск и изгубија одредена територија во украинската контраофанзива, а Москва се уште се обидува целосно да ги преземе. Путин ги прогласи за нова руска територија пред една година по референдумот кој не е признат според меѓународното право, а потоа таа одлука ја вгради во рускиот Устав.

Во петокот, Путин и неговите војници одржаа едноминутно молчење за поранешните затвореници кои беа ослободени од затвор за да се борат против Украина и загинаа во тој процес. Руските државни медиуми објавија и видео од средбата меѓу Путин и војниците кои учествувале во инвазијата на Украина.

„Со одење во војна, затворениците го вратија долгот кон општеството, рече Путин во кратко видео.

„Сите ние сме луѓе и секој може да направи грешки. Тие ги направија, но ги дадоа своите животи за својата татковина и целосно ја откупија нивната вина“, рече тој.

Русија често регрутира затвореници да се борат откако почна војната во Украина. Многумина од нив загинаа во брутални битки околу источниот украински град Бахмут пред неколку месеци. Но, на Црвениот плоштад во Москва во петокот атмосферата беше славеничка и беше организиран концерт во чест на годишнината од анексијата. Меѓу ѕвездите кои настапија беше и ултранационалистичкиот пејач Шаман.

Со декрет, Путин ја прогласи саботата, 30 септември за официјален празник и го нарече Ден на обединување со Русија, точно една година откако го потпиша указот за анексија.

Според извештаите, јавните службеници, студентите и другите често се под притисок да учествуваат на овие настани.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија