Путин и Зеленски наскоро би можеле да се сретнат во Турција

Од:

Украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно мировните преговори ќе ги водат во Турција.

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија истакна дека Зеленски е подготвен за средба во блиска иднина со Путин.

Арахамија изјави дека Русија ги прифаќа ставовите на Украина, со исклучок на ставот на Киев за Крим, пренесува украински Интерфакс.

Додава дека Русија укажала дека нацрт-мировните договори се во доволно напредна фаза за да се овозможат директни консултации меѓу лидерите на двете земји.

Агенцијата го цитира Дејвид Арахамија кој изјавил за украинската телевизија дека Русија го прифатила целиот став на Украина, со исклучок на нејзината позиција за Крим.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека преговорите помеѓу Русија и Украина не беа лесни, но главно е тоа што продолжуваат.

Тој додаде дека Русија би сакала да ги продолжи разговорите со Украина во соседна Белорусија, но Киев се спротивстави на идејата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп се изнервира уште при пречекот на Зеленски

А1он

(ВИДЕО) Врв на ароганцијата, Зеленски пцуе пред Трамп

А1он

Реакции на европските лидери по средбата Трамп-Зеленски: Украина не е сама

А1он

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Зеленски: Не направивме ништо лошо, не му должам извинување на Трамп

А1он

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ