Путин и Трамп наскоро повторно ќе разговараат за соработка против коронавирусот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека наскоро повторно ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп за соработката во борбата против пандемијата со коронавирусот, како и за последиците врз светската економија.

Во текот на видео конференцискиот разговор со екипажот на Меѓународната вселенска станица, која е во орбитата околу Земјата, Путин изјави дека руско-американското партнерство во истражувањето на вселената треба да биде модел за соработката за сузбивањето на коронавирусот.

-Тоа е пример на ефикасно партнерство на нашите земји во интерес на човештвото. На овој начин треба да ја организираме работата и во решавањето на сегашните проблеми….. борбата против пандемијата и ситуацијата на пазарот се меѓунардони прашања, рече Путин, а пренесе Кремљ.

Трамп и Путин во четвртокот разговараа за меѓународните преговори за стабилизација на пазарот на нафта погоден од драстичниот пад на цената на црното злато заради економската криза предизвикана од пандемијата со вирусот.

Иако Русија и САД се во затегнати односи, нивните претседатели покажуваат одредено меѓусебно разбирање.

Трамп во неколку наврати го фалеше Путин, кој го подддржа својот американски колега во некои прашања. Последната поддршка од Путин беше во текот на постапката за импичмент на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Анкета: Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Трамп на почетокот на неговиот мандат

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Трамп најави инвестиции до 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција

Трамп го помилува креаторот на веб-страницата „Патот на свилата“, Рос Улбрихт

Горан Наумовски

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп