Путин и Порошенко за евентуален прекин на огнот

Од:

Рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Петро Порошенко разговараа за евентуален прекин на огнот во источна Украина, соопшти Кремељ.

Путин во телефонскиот разговор изразил загриженост поради загинувањето на двајца руски ниовинари во близина на Луганск.

Во соопштението од Кремељ се посочува и дека Порошенко наредил истрага и да се преземат мерки за безбедност на новинарите.

Специјалниот дописник на ВГТРК во Украина, Игор Киенељук, видеоинженерот Антон Волошин и операторот Виктор Денисов вчера снимале во околината на Луганск кога почнало гранатирањето. Корнељук и Волошин загинаа, додека Денисов не настрада бидејќи бил на одредено растојание од неговите колеги. Телевизиската екипа снимала како борците на „народната самоодбрана“ придружувале група бегалци, во тој момент  почнало гранатирањето.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски