Путин и Порошенко телефонски разговарале за односите меѓу Русија и Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот украински колега Петро Порошенко, соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Порошенко го информирал својот соговорник за својот план за излез од „ситуацијата на југоистокот на Украина“, рече Песков и додаде дека двајцата државници разговарале и за развојот на билатералните односи.

Според портпаролот, Порошенко му го честитал на Путин денешниот национален празник на Руската Федерација – Денот на Русија.

Рускиот претседател и неговиот нов украински колега се сретнаа во петокот, за време на свеченостите во Франција по повод 70-годишнината од десантот на Нормандија. Не е познато, меѓутоа, дека двајцата разговарале откако Порошенко во саботата положи заклетва на функцијата.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски