Путин и Порошенко повторно телефонски разговарале за итен прекин на крвопролевањето во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со својот украински колега Петро Порошенко, соопшти прес секретарот на Путин, Дмитриј Песков, цитиран од ИТАР-ТАСС.

– Продолжено беше разгледувањето на воената и хуманитарна криза во Украина, забележа Песков.

„Шефовите на двете држави разговараа за тоа што треба да се направи за да дојде до итен прекин на крвопролевањето во југоисточна Украина“, посочи прес секретарот на рускиот претседател.

Песков истакна дека мислењата на двајцата претседатели за можните патишта за излез од тешката кризна ситуација „во значајна мера се совпаѓаат“.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци