Путин и Порошенко договорија „патна карта“ за примирје

Од:

Претседателите на Украина и Русија, Петро Порошенко и Владимир Путин, по синоќешната прва билатерална средба во Минск објавија дека ќе биде подготвена „патна карта“ за постигнување договор за прекин на огнот во Источна Украина, како и дека е постигна договор за обновување на работата на Контакт-групата за решавање на украинската криза.

– Ќе биде подготвена „патна карта“ за што е можно побрзо постигнување прекин на огнот, што мора да биде билатерален, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, истакнувајќи дека разговорите со рускиот претседател биле тешки и сложени.

Според руските медиуми, Путин по средбата со Порошенко изјавил дека не било конкретно разговарано за услови за прекин на огнот.

– Отворено кажано, ние и не можеме да зборуваме за услови за прекин на огнот, за можен договор меѓу Киев, Доњецк и Луганск. Тоа не е наша работа, туку прашање на Украина, изјави Путин, јави ИТАР-ТАСС.

putin-porosenko-minsk

Според него, Русија може само да придонесе за создавање состојба на доверба во текот на евентуален преговарачки процес.

Путин разговорите со украинскиот колега го оцени како позитивни.

– Тој процес треба да почне што е можно побрзо, изјави Путин, нагласувајќи дека е разговарано за неопходноста од што е можно побрз прекин на крвопролевањето и обновување на работата на Контак-групата за Украна.

Путин најави дека тристраната работна група Русија, Украина и ЕУ до 12 септември ќе формира предлог насочен кон решавање на загриженоста на земјите-членки на Царинската унија.

Според рускиот претседател, исто така, е договорено обновување на дијалогот за енергетика, вклучително прашањето за рускиот гас во Украина.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци