Путин и Обама телефонски разговараа за зајакнување на соработката

Од:

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, телефонски разговараа за сиријската криза и за зајакнување на соработката на безбедносните служби во борба против тероризмот и претстојните средби на лидерите на двете држави, соопштија од Кремаљ.

Обама и Путин се согласија дека е неопходно да се преземат мерки за пронаоѓање на решение за сиријската криза, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Двајцата претседатели , според неговите зборови, укажаа на значење на фактот дека американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се во постојан контакт и дека се обидуваат да пронајдат заедничко решение.

Во телефонскиот разговор кој го иницираше американската страна, Обама му се заблагодари на Путин на корисните информации, кои на американските служби им ги проследи Москва, изјави Ушаков.

„Асошиејтед прес“ потсети дека осомничените за бомбашкиот напад во Бостон, потекнуваат од руската република Дагестан.

Според зборовите на помошникот на Путин, двајцата претседатели укажаа и на значењето на соработката за безбедност во текот на Олимписките игри во Сочи 2014 година.

Ушаков најави и дека Обама ќе ја посети Русија пред самитот на Г20 во Санкт Петерсбург, како и дека Путин ќе го прими американскиот државен секретар Џон Кери кога тој ќе допатува во посета на Москва.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски