Путин и Нетанјаху разговараа за соработката во борбата против коронавирусот

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изразија одлучност да ја подобрат координацијата во борбата против ширењето на коронавирусот, соопшти прес службата на Кремљ.

„Соговорниците разговараа за одредени актуелни прашања од билатералната соработка“ се наведува во соопштението на Кремљ и се додава дека двајцата лидери се одлучни да ја засилат соработката во сузбивањето на ширењето на инфекцијата на коронавирусот, пренесе „Тасс“.

Путин, исто така, на Нетанјаху му ја честитал претстојната Пасха – големиот еврејски празник.

Телефонскиот разговор бил направен на иницијатива на Нетанјаху и притоа бил постигнат договор за контакти меѓу двете земји на различни нивоа.

Би можело да ве интересира

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски