Путин и Ердоган повикаа од недела да прекине огнот во Либија

Од:

Претседателите на Русија и на Турција повикаа за прекин на огнот во Либија од 12 јануари на полноќ. Ова го изјави денеска на брифинг турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по средба во рускиот минстер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Претседателите Ердоган и Путин повикаа за прекин на огнот во Либија што треба да стапи на сила на полноќ на 12 јануари“, изјави турскиот шеф на дипломатијата.

„Во разговорите на проширената средба меѓу двете делегации Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин разговараа и за билатерални прашања и регионални теми. Беа разменети мислења за прекин на огнот во Идлиб за тензиите меѓу Иран и САД, за состојбата во Либија и во Ирак“, нагласи Чавушоглу.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети