Путин и Абе разговараа за ситуацијата во Украина и за мировниот договор меѓу Русија и Јапонија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пекинг се сретна со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, пренесе ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Украина, работата врз мировниот договор меѓу Русија и Јапонија и шансите за посета на рускиот претседател на Јапонија.

Путин и Абе се сретнаа на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), што денеска почна во кинеската престолнина.

Двајцата ја потврдиле „подготвеноста да продолжат со контактите за сите активности, вклучувајќи го и продолжувањето на работата врз мировниот договор“.

– Путин и Абе, исто така, направија преглед на билатералните проекти за трговско-економската соработка, што беа усогласени при последната посета на  јапонскиот премиер на Русија, забележа портпаролот Песков.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски