Путин го свика Советот за безбедност по разговoрот со Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денеска руските новински агенции, повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Според Ушаков, Путин детално ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.

Трамп и Путин се согласија на уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откако најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.

Советот за безбедност е клучно место за донесување одлуки за најважните прашања од националната безбедност на Русија.

Би можело да ве интересира

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски