Путин го смени генералот задолжен за војната во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Валериј Герасимов, главниот генерал задолжен за војната против Украина.Ова ја продолжи чистката на врвот по обидот за државен удар на Вагнер минатиот месец.

Генералот Валери Герасимов (67) беше сменет за помалку од шест месеци откако беше назначен на функцијата. На негово место дојде генерал-полковник Михаил Теплински, јавуваат руските медиуми.

Драстичниот потег на Путин – кој не е официјално потврден – го претставува најновиот пресврт во командата на неговата речиси 17-месечна инвазија на Украина.

За време на војната, рускиот претседател отпушти неколку водачи, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, познат и како „Мариуполскиот касап“, како и генералот Рустам Мурадов, кој стоеше зад масакрот во Вухледар на почетокот на оваа година.

Герасимов ќе остане на чело на руските вооружени сили како началник на Генералштабот, но целокупната одговорност за војната сега е на Теплински (54), командант на воздушните трупи на земјата, објави „Москва тајмс“, цитирајќи го провоениот З- канал.

Разрешување на Герасимов бараше Евгениј Пригожин, газдата на Вагнер, кој во меѓувреме беше протеран од Русија по обидот за пуч.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ