Путин го предизвика Бајден на јавен дуел: „Ќе биде интересно за Русите и Американците“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин, кој веќе неколку дена е во јавно препукување со американскиот лидер Џо Бајден околу мешањето на Русија во американските избори, му предложи на неговиот колега од САД да ја продолжат дискусијата јавно, а тоа, како што наведе, „ќе биде интересно за народите на САД и Русија“.

„Еве што ми падна сега на ум. Минатиот пат, претседателот Бајден иницираше телефонски разговор. Сакам да му предложам да ја продолжиме нашата дискусија, но под услов тоа да го направиме практично јавно, онлајн. Без какви било одлагања, туку искрено и во отворена, директна дискусија. Ми се чини дека тоа би било интересно за народите на САД и Русија, но и многу други земји,“ рече рускиот лидер во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Путин предложи дискусијата да се одржи утре или во понеделник.

„Не би го одложувал тоа на неодредено време, викендов сакам да одам во тајгата малку да се одморам, така што би било можно тоа да се случи утре или, да речеме, во понеделник. Ние сме подготвени во секое време кое ѝ одговара на американската страна, а сега ќе му дадам и упатство на Министерството за надворешни работи,“ рече тој.

Тој истакна и дека со американскиот претседател треба да продолжат да одржуваат добри односи, откако вчера Бајден одговори потврдно на прашањето дали го смета Путин за убиец, а рече и дека тој е „бездушен“.

„За да не упатуваме отровни стрели така, преку други, мораме да продолжиме да комуницираме,“ заклучи Путин.

Би можело да ве интересира

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство