Путин: Ги идентификувавме лицата што ги сомничи Лондон, се работи за цивили

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Според Путин, како што јави телевизијата Русија Денес, се работи за двајца цивили, а не за руски агенти.

– Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и ќе раскажат се за себе, изјави Путин во Владивосток, каде учествува на Источниот економски форум.

Британската премиерка Тереза Меј и британското обвинителство ги посочија двајцата Руси, кои тие ги идентификуваа како Александар Петров и Руслан Боширов, како извршители на труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во градот Солсбери близу Лондон.

Британските власти објавија фотографии од двајцата Руси, за кои рекоа дека слетале во Лондон од Москва два дена пред труењето и ги обвинија дека се руски агенти.

Повеќе држави како САД, Франција и Канада се приклучија кон британските заклучоци и побараа од Русија да престане со напади врз западните држави.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија