Путин: Европа го игнорира тоа што украинската армија отвора оган кон цивили

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин ја обвини денеска Европа дека го игнорира тоа што украинската армија отвора оган директно кон цивили во источниот дел на Украина, јави ИТАР-ТАСС.

– Украинската војска директно како своја цел ги има станбените населби и за жал многу земји, вклучувајќи ја Европа, тоа не го забележуваат, истакна Путин.

Истовремено Путин го обвини Киев поради одбивањето да влезе во директни политички разговори со проруските сили во источниот дел на Украина.

– Актуелното раководство во Киев не сака да спроведе суштински политички дијалог со истокот на својата држава, рече Путин.

Путин додаде дека проруските сили се обидуваат да ја потиснат украинската војска од своите моментални позиции, бидејќи отворала оган кон цивили.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци