Путин: Евакуирајте ги цивилите од Херсон, таму е најопасно

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека цивилите мора да бидат евакуирани од Херсон. Тој регион, кој е делумно окупиран од Русија го нарече „најопасната зона“, објави руската новинска агенција РИА.

Путин во септември го прогласи целиот Херсон за дел од Русија. Главниот град на Херсон е  воедно и најголемиот украински град окупиран од Русите од почетокот на инвазијата. Сепак, пред извесно време Украинците започнаа контраофанзива чија цел е да го ослободат целиот регион од руската окупација, а клучно е ослободувањето на градот Херсон.

„Луѓето кои живеат во Херсон треба да бидат евакуирани од најопасните операции, бидејќи цивилите не треба да страдаат“, рече Путин за време на состанокот со про-Кремљ активисти, пренесе РИА.

Се повеќе шпекулации за повлекување на Русија од Херсон

Во последните денови многу се шпекулираше дали руските сили ќе се повлечат од градот Херсон. Вчера, Кирил Стремусов, прорускиот лидер на Херсон назначен од Москва, рече дека руските сили „веројатно“ ќе се повлечат од левата страна на Днепар. Таа област го вклучува градот Херсон.

Минатиот месец, проруските власти на Херсон наредија „итна“ евакуација поради претстојниот украински контранапад. Илјадници луѓе беа префрлени на другата страна на реката Днепар. Херсон е стратешки исклучително важен град поради реката Днепар и фактот што е град со пристаниште на морето.

Би можело да ве интересира

Нападнат хуманитарен пункт во Херсон

Руските сили го гранатираа Херсон: Едно лице загина, деветмина се ранети

Руските трупи го гранатираа регионот на Херсон, едно лице загина

Горан Наумовски

Русите го нападнаа Херсон, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Руските сили го гранатираат Херсон, засега тројца жители се повредени

Горан Наумовски

Русите го бомбардираа Херсон, има загинати и повредени