Путин: ЕУ сама ги покрена сепаратистичките тензии во Европа

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјите членки на Европската унија, со поддршката за распаѓањето на некои земји и одвојувањето на Косово од Србија, само го поттикнале растот на сепаратистичките тензии во Европа, истакнувајќи дека со тоа самите си се „нашле на удар“, како во случајот со Каталонија.

Путин во ображањето на завршната пленарна седница на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи, го повтори ставот на Русија дека ситуацијата во Каталонија е внатрешно прашање на Шпанија.

– Кога станува збор за ситуацијата во Каталонија, видовме од ЕУ и поголемиот број на држави, едногласна осуда за оние кои ја поддржуваат каталонската незавиност. Знаете, не можам, а да не забележам нешто во врска со тоа – требаше за тоа да размислувате порано, нагласи Путин.

Тој додаде дека, своевремено Европа практично со добредојде прифати поголем број земји, а потоа едногласно ја поддржа независноста на Косово, „покренувајќи слични процеси во други региони на Европа и во светот“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски