Путин: Екстремисти од ИД почнаа со убивање на околу 700 заложници во Сирија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека екстремисти од ИД почнале со убивање на околу 700 заложници кои неодамна се киднапирани во Сирија.

На меѓународен форум во Сочи, Путин синоќа рече дека „ИД неодамна ја проширила својата територија и зела за заложници 130 семејства односно колу 700 луѓе“.

Тој додаде дека екстремистите изнеле барања кои не ги прецизира, како и дека предупредиле убивање секој ден по 10 луѓе ако тие барања не се исполнат.

– Тие претходниот ден веќе убија 10 луѓе, изјави Путин и додаде дека почнале да се остваруваат нивните закани. Заложниците се киднапирани во напад врз бегалски камп.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина