Путин е во право по прашањето за Сирија и тоа го знаат сите

Од:

Гардијан – Лондон

Претседателот на Русија Владимир Путин е во право кога вели дека единствен начин за решавање на сириската криза е соработка со владата на претседателот Башар Асад и неговите либански и ирански сојузници, пишува британскиот весник „Гардијан“.

„Путин е во право и тоа сите го знаат. Тоа е реалполитика. Така диктира прагматизмот. На западот надворешната политика веќе долго е продолжеток на внатрешната политика, со одредена доза на попување“, наведе колумнистот на „Гардијан“ Сајмно Џенјинс.

Американските и британските лидери оваа недела во Обединетите нации се тркаа кој повеќе ќе го оцрни Асад, а резултатот на тоа е дека Путин собра уште повеќе адути, се наведува во текстот.

„Претседателот на Русија веќе објави две најважни должности на рускиот лидер, постигна стабилност и донесе национална гордост. Тој сега станува важен играч на светската сцена. Добро ја процени состојбата во Иран, Индија и Сирија. Путин е се, само не е глупав“, истакна Џенкинс.

Американсиот дипломат-ветеран Хенри Кисинџер апелираше минатата година во текот на посетата на Лондон на јавноста на Западот дека Русија ја смета за сојузник во борбата против муслиманскиот фундаментализам, а не непријател и додаде:

„Русија и Западот припаѓаат на иста цивилизација и делат исти долгорочни интереси. Тие треба да делуваат како еден“.

Лесно е на западните демократии, кои се развиваат веќе со векови, да се исмејат на несовршеностите на Русија и односот на Путин во Украина. Но, идејата дека економските санкции ќе го променат ставот на Москва е идиотска, наведе „Гардијан“.

Во Сирија владее нај ужасна анархија на светот и ако некогаш постоела потреба за праќање на „копнени сили“ од хуманитарни причини, тоа е тука случај, рече Џенкинс.

Тој истакна дека Русија го прифатила фактот дека насилното рушење на Асад од власта, кое Британија го претскажува уште од 2011 година, не претставува реалистички пат кон мирот и ако тој треба да оди, тоа треба да се случи откако неговите непријатели ќе бидат потиснати, а не пред тоа.

Вистинската природа на ангажираноста на Западот во Сирија е откриена во говорот на претседателот на Америка Барак Обама во ОН, кога тој рече дека нема причина да се поддржат тираните „само затоа што алтернативите се сигурно полоши“.

„Со други зборови, на Америка и е поважно задоволството на сама себе, отколку сириските животи. Кога се работи за Блискиот исток, западот се води од таа максима повеќе од една деценија. Меѓутоа, таа се покажа катастрофа. Ако немаме ништо паметно да кажеме за Сирија, треба да го слушаме Путин. Тој има нешто паметно да каже“, заклучи Џенкинс.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала