Путин дозволи доброволци да се борат во Донецк и во Луганск

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин поддржува доброволци да се борат, во како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.

– Ако видите дека има луѓе кои сакаат на доброволна основа (да им помогнат на сепаратистите во Источна Украина), тогаш треба да се сретнете со нив на половина пат и да им помогнете да се префрлат во борбени зони, му рече Путин на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за време на состанокот на Советот за безбедност.

Путин уште и потенцираше дека Западот не крие дека доброволци се собираат да се борат на страната на Украина.

„Тие тоа го прават отворено непочитувајќи ги нормите на меѓународното право“ – рече Путин.

Состанокот беше пренесуван во живо на руските државни телевизиски медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски