Путин: Десетици земји низ целиот свет моментално страдаат од хаос и беззаконие

Од:

Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува, изјави рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ за време на церемонијата по повод примањето на акредитивите од 34 амбасадори, вклучително и од непријателски настроени земји.

Според него, еден од клучните фактори во развојот на човештвото е меѓународната соработка.

– Мирот не доаѓа сам по себе, тој се гради, и тоа секој ден. Релевантноста на ова е очигледна, особено кога ситуацијата на меѓународната сцена се влошува сè повеќе. Ми се чини дека никој не може да го оспори ова, рече Путин, пренесува Спутник.

Десетици земји низ целиот свет во моментов страдаат од хаос и беззаконие, немаат ресурси да се застанат во своја одбрана, оцени рускиот лидер.

Меѓу амбасадорите на странски земји се, меѓу другите, амбасадори на 11 непријателски настроени земји, како што се Франција, Норвешка и Шведска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Терористички напад во Уфа: Напаѓач со нож избоде неколку лица во студенски дом, меѓу повредените е и дете

Горан Наумовски

Масовен воздушен напад врз Украина: Дронови и ракети ја погодија земјата

ВИДЕО: Кој е рускиот генерал кој беше застрелан денеска во Москва

Катерина Ѓуровски

САД упатија предупредување до Русија

Дмитриев: Наводните врски на Епстин со Русија се обид да се спасат корумпираните либерали

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци