Путин: Чернобил може да изгледа како „детска игра“ ако ескалира конфликтот со Северна Кореја

Од:

Чернобил би можел да изгледа како „детска игра“, доколку ескалира конфликтот со Северна Кореја, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција во Хановер со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Ескалацијата на конфликтот на Корејскиот Полуостров ја загрижува Русија бидејќи сме соседи. И доколку, да не даде Господ, се случи нешто, Чернобил би можел да ни изгледа едноставно како детска приказна. Сметам дека постои таква закана, истакна Путин.

Истовремено, тој ги повика „сите да останат смирени и мирно да решаваат на преговарачка маса“.

– САД направија многу важен чекор со одлагањето на тестирањето на балистичката ракета, со цел да не провоцираат. И според мене сите треба да му заблагодариме за ваквиот чекор на раководството на САД. Се надевам нашите партнери во Северна Кореја, исто така, ќе го забележат тоа, нагласи рускиот претседател.

Германската канцеларка од своја страна истакна дека „треба да се спречат сите натамошни провокации од Северна Кореја“.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична