Командантот на тајландската армија, генерал Прајут Чан-оча денеска ја презеде функцијата премиер на земјата, само еден ден откако изврши државен преврат, јави ДПА.
– Во периодот во кој ние нема да имаме друг човек за премиер, надлежностите на премиерот ќе ги преземе шефот на Националниот совет за поддршка на мирот и на редот (воената хунта што вчера ја презеде власта во Тајланд), се наведува во наредбата на армијата, во која се промовира новата улога на генерал Прајут.
Истовремено, вчера соборениот привремен премиер на Тајланд Ниватхамронг Бунсонгфајсан го прифати повикот на воениот режим да се јави пред Националниот совет за поддршка на мирот и редот
Вкупно 38 лица одговориле на повикот на војската. Членовите на семејството Шинаватра, вклучувајќи ја и поранешната премиерка Јинглук Шинаватра, засега не одговориле на испратените повици.