Птичји грип на живинарски фарми во Мексико

Од:

На живинарски фарми во западниот дел на Мексико во изминатите три недели убиени се 2,5 милиони птици, со цел да се спречи ширење на епидемија на птичји грип, соопшти денеска Министерството за земјоделство.

Според податоците на Обединетите нации, вирусот одговорен за оваа епидемија на птичји грип Х7Н3, повремено предизвикува болести и кај луѓето во разни делови на светот, но не се пренесува лесно од човек на човек.

Официјални лица потврдија дека извршиле проверка на 148 живинарски фарми, од кои на 31 е регистриран вирусот на птичји грип.

Од 3,4 милиони птици зафатени од епидемијата, во понеделникот се убиени 2,5 милиони во рамките на мерките за контрола и справување со болеста, наведува Министерството за земјоделството.

Епидемијата е регистриран на 20 јуни во државата Халиско, а мексиканската Влада на 2 јули прогласи вонредна состојба во однос на здравјето на животните на територија на целата држава, која се соочува со агресивна епидемија.

Во Мексико во 2009 година се појави епидемија на свински грип. Ширењето на вирусот Х1Н1 прерасна во глобална пандемија при што загинаа 17.000 лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

Жена во Кина почина од комбинирани соеви на птичји грип

Катерина Ѓуровски