Обидот на над 1.000 луѓе, кои сакаа да го спречат маршот на неколку стотици симпатизери и членови на Работничката партија за социјална правда (ДССС) во Брно, заврши со пресметка со полицијата, која употреби солзавец, јави дописникот на МИА од Прага.
Учесниците на блокадата носеа транспаренти со анти-фашистички слогани, обвинувајќи ги младите сили на ДССС за поврзаност со неонацистички кругови.
Претходно пред насобраните екстремисти говореше претседателот на партијата Томаш Вандас, кој ја повика Европа да се брани против имигрантите.