Прво обвинение за противниците на воениот удар во Тајланд

Од:

Еден од најпознатите противници на тајландската воена хунта, Сомбат Бунгаманонг денеска беше изведен пред воениот суд во Бангкок со обвинување дека организирал „криминални интернет активности“, за што може да биде осуден на седум години затвор.

Бунгаманонг, преку социјалните мрежи, поведе кампања за мирни протести против хунтата, а војската го приведе на 6 јуни.

Во меѓувреме, блискиот соработник на Бунгаманонг, од врвот на „Црвените кошули’’, Џакрафоб Пенкер, кој по ударот од 22 мај избега во странство, на својата Фејсбук страница извести дека е формиран центар за анти-куп активности.

Според него, тоа ќе биде почеток за формирање на тајландска влада во бегалство чија главна цел ќе биде укинување на воената ссостојба во Тајланд. Пенкер соопштува дека противниците на хунтата имаат широка меѓународна поддршка, но нивните имиња ќе останат анонимни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач