(ВИДЕО) Првите зборови на Трамп по атентатот: „Слушнав… Господе…“

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по атентатот врз него за време на предизборен митинг во Пенсилванија.

„Сакам да им се заблагодарам на американската тајна служба и на сите органи за спроведување на законот за нивната брза реакција на пукањето што штотуку се случи во Батлер, Пенсилванија. Што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на лицето кое загина на митингот. како и семејството на уште едно лице кое е тешко повредено“, изјави Трамп на социјалната мрежа „Truth social“.

„Неверојатно е таков чин да се случи кај нас. Засега ништо не се знае за стрелецот, кој сега е мртов. Ме погоди куршум кој го прободе горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред штом слушнав свиреж, истрел и веднаш потоа почувствував дека куршумот минува низ кожата, па сфатив што се случува!“ – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски