Првите вакцини на „Џонсон и Џонсон“ ќе пристигнат во ЕУ најрано на средината на април

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави денеска дека првите дози од вакцината против Ковид-19 на американската компанија „Џонсон и Џонсон“ ќе бидат доставени во ЕУ најрано кон средината на следниот месец, иако таа беше одобрена вчера од регулаторното тело на Унијата.

– Имаме европско решение, но знаеме дека испораките ќе се случат најрано кон средина или крајот на април. Важно е Европската комисија, како потписник на договорот, да води разговори со „Џонсон и Џонсон“, истакна Шпан, без да наведе детали на што се должи бавниот почеток на испораките.

Според него, „договорот со „Џонсон и Џонсон“ бил потпишан во октомври минатата година и треба да се знае што се случило“. Тој потврди дека однапред биле платени 300 милиони евра за да може американската компанија да ги зголемат своите производствени капацитети.

ЕУ потпиша договор со компанијата за 200 милиони дози вакцини, а постои можност за уште 200 милиони дополнителни дози. „Џонсон и Џонсон“ вчера се обврза да и достави 200 милиони дози на Унијата до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ