Првите тенкови Леопард 1 испратени од Данска, Германија и Холандија пристигнаа во Украина

Од:

Првите тенкови Леопард 1 испратени од Данска, Германија и Холандија пристигнаа во Украина, соопшти данското Министерство за одбрана.

„Првите 10 тенкови веќе се испорачани во Украина. А уште повеќе се на пат“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Данските воени инструктори обучуваат украински војници да управуваат со нив во Германија, се вели во соопштението за печатот.

Во февруари, Данска, Германија и Холандија ветија дека ќе испорачаат 100 тенкови од германско производство на Украина во „наредните месеци“.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија