Првите камиони со руската помош влегоа во меѓуграничната зона со Украина

Од:

Првите камиони од рускиот конвој со хуманитарна помош за источна Украина денеска минаа преку рускиот граничен премин на руско-украинската граница.

ИТАР-ТАСС јави дека станува збор за четири камиони кои веќе се наоѓаат во меѓуграничната зона меѓу Русија и Украина, а руски и украински цариници почнале со содветните цариски процедури, поврзани со камионите и нивниот товар.

Конвојот приближно една недела беше блокиран во близина на руско-украинската граница, затоа што Украина стравуваше дека со него Русија може во земјата да внесе и воена техника за проруските сепаратисти.

Москва се обидува да го отстрани овие сомневања и соопшти дека само сака „да ги олесни страдањата на луѓето од источна Украина, кои преживуваат тешка хуманитарна катастрофа“.

Во меѓу време, портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко денеска соопшти дека петмина украински војници загинале, а 21 се ранети во последните 24 часа во судри со проруските сепаратисти во источна Украина.

Лисенко пред новинарите изјави дека армијата продолжува да се бори со сепаратистите во Иловајск и неговата околина, иако, според него, градот е под контрола на украинските сили.

Жестоки борби продолжуваат и во Луганск, градот кој цели 19 дена се наоѓа под опсада на украинската армија.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци