Првите бегалци од војната во Украина пристигнаа во Полска

Од:

Првите бегалци од Украина денеска по копнен пат и железница пристигнаа во Полска, членка на Европската унија, пренесува Бета.

Редовен воз од Харков во источна Украина попладнево пристигна со неколку стотини патници во полскиот град Пшемишл, во близина на западната граница на Украина. Патниците од сите возрасти, со работи спакувани во торби и ранци, рекоа дека бегаат од војната.

Дел од бегалците и пеш ја минуваа укаинско-полската граница.

Полската гранична стража соопшти дека има видливо зголемување на бројот на луѓе кои сакаат да преминат во Полска.

Официјални лица рекоа дека Полска подготвила најмалку осум прифатни центри. Тие ќе обезбедуваат храна, медицинска помош и информации за бегалците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина