Првите американски војници пристигнаа во Летонија за да го зајакнат источното крило на НАТО

Од:

Првите американски војници распоредени заради зајакнување на источното крило на НАТО пристигнаа во Летонија, јави ДПА.

Четириесетина американски војници пристигнаа во Летонија од Италија рано изутринава, што е првата група од, како што се очекува, распоредување на повеќе од 300 војници, соопшти летонското Министерство за одбрана.

Војниците, кои ќе бидат сместени во воената база Адази, во непосредна близина на летонскиот главен град Рига, пристигнале нешто по полноќ по локално време, пред да започнат непријателствата во Украина, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот најави прераспределување на војниците во Европа. Според американски официјален претставник, кој побарал да остане неименуван, тоа подразбира испраќање на 800 пешадиски војници во балтичкиот регион и до осум борбени авиони Ф-35 на неколку оперативни локации долж источното крило на НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина