Првиот Русин би требало да слета на Месечината во 2031 година

Од:

Руската ракетна и весленска корпорација „Енергија“ планира во 2031 година да ја испрати на Месечината првата своја ракета со екипаж, јави ТАСС.

– По 2025 година планираме да започнеме со летови кон Месечината и со привикнување на вештачки сателит. Во 2026 планираме на лет околу Месечината да испратоиме беспилотно летало, а во 2027 година да лансираме модул што ќе слета во месечевата орбита, изјави денеска директорот на „Енергија“, Владимир Солнцев.

Планот на корпорацијата предвидува во 2029 година на Месечината да слета првата нејзина рекета без екипаж, а од 2030 година ќе започнат подговрвките за лет на екипаж кон земјиниот природен сателит.

– Во 2031 година планираме слетување на првиот човек на Месечината, истакна Солнцев.

Тој нагалси дека Русија ги повикува Европа и САД заедно да работат на производство на модулот кој со екипаж би слетал на Месечината.

За летови со екипаж до Месечината. Русија работи на производство на веселнскиот брод наречен „Федерација“, чиј пробен лет е предвиден за 2020 година. Првиот лет во Вселената на „Федерација“, но без екипаж, е предвиден за 2021 година, а од крајот на 2023 се планираат и летови со екипаж. Од 2025 година е предвидено бродот „Федерација“ еднаш или двапати годишно да биде лансиран до Месечината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници