Првиот авион од странство по цели осум месеци слета на аеродромот во Вухан

Од:

Во кинескиот град Вухан, местото каде првпат се појави коронавирусот во декември лани, слета првиот авион на меѓународен лет од јануари, кога аеродромот беше затворен.

Станува збор за јужнокорејската нискобуџетна авиокомпанија Т-Веј, чиј авион слета со 60 патници кои мора да покажат негативенПЦР – тест, објави кинеската државна телевизија.

Според кинеските медиуми, патниците носеле маски, а полицијата со заштитни комбинезони и визири ги проверувале пасошите.

Кон крајот на март, Кина драстично го намали воздушниот сообраќај со остатокот од светот со цел да се ограничи доаѓањето на заразени лица.

Оттогаш, земјата во голема мерка го потисна вирусот со мерките за ограничување на движењето, карантин, тестирање, следење контакти и носење заштитни маски. Тие бележат само неколку нови случаи секој ден.

Според официјалните податоци, околу 3.900 луѓе починале од Ковид-19 во Вухан, и тие сочинуваат околу 80 проценти од вкупно 4.634 смртни случаи во Кина.

Од почетокот на епидемијата, градските власти ги тестирале сите 11 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он