Олексиј Гончаренко, пратеник во украинскиот парламент, објави видео од утринава рускиот ракетен напад врз градот Днепар.
„Ова е руски ракетен напад врз градот Днепар. Вака изгледа речиси секое утро за Украинците, почнувајќи од 24 февруари. Одиме во градот и не знаеме дали ќе се вратиме или ракетата ќе удри по патот по кој возиме“, објави Гончаренко на Твитер.
Украина објави дека во нападот се повредени 14 лица.