Први случаи на мајмунски сипаници кај деца во САД

Од:

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги потврди првите случаи на мајмунски сипаници кај деца. Болеста е откриена кај дете во Калифорнија и кај бебе, кое не е американски државјанин.

Се претпоставува дека двата случаи не се поврзани и веројатно децата се заразиле во домот. Децата се во добра здравствена состојба.

Д-р Џенифер МекКвистон од ЦДЦ истакна не е изненадувачка појавата на педијатриски случаи на мајмунска сипаница, но оти сè уште нема докази дека вирусот се проширил вон хомосексуалната и бисексуалната заедница и други мажи кои имаат секс со мажи.

Таа додаде дека 99 проценти од 2.891 случаи на мајмунски сипаници потврдени во САД се однесуваат на мажи кои имаат секс со мажи.

Ситуацијата со мајмунски сипаници се влоши во изминатите недели, а сега има повеќе од 15.300 заразени во 71 земја и пет смртни случаи во Африка.

Мајмунски сипаници првпат се дијагностицирани кај човек во 1970 година, но болеста е помалку опасна и заразна од големите сипаници кои се искоренети во 1980 година.

Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата, што можат да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е придружена со треска, болки во грлото и болки во лимфните јазли и осип што наликува на сипаници. Болеста обично поминува сама по себе, но може да биде многу болна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска