Први фотографии од Плутон во боја: Се уште не сте виделе ништо

Од:

индекс.хр – Загреб

Вселенската сонда „Њу Хорајзонс“ успешно помина покрај Плутон.

Сондата која ја лансираше НАСА во 2006 година, ја приведе при крај својата десетгодишна одисеја и пролета најблзу до тоа небесно тело на оддалеченост од 12.500 километри и почна да праќа први податоци за таа таинствена планета.

– Со леталото се е во ред, ги забележавме податоците за составот на Плутон и моментно сондата се оддалечува од Плутон, изјави Алиса Бауман, директорка на мисијата.

Првите податоци од сондата дојдоа во предвиденото време, а ги примија научниците во контролниот центар во Лабораторијата за применета физика при Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор во Мериленд.

Се работи за податоци за положбата на сондата, кои укажуваа дека со неа се е во ред. Потоа е проверен системот на сондата, а сите податоци покажуваа дека нема никакви дефекти.

Пораката пратена од положбата на сондата во системот на Купер оддалечен три милијарди милји ја прими антената во Мадрид, а потоа беше проследена во контролниот центар.

– Токму како што планиравме, вели Бауман.

„Њу Хорајзанс“ минатиот вторник најмногу се приближи до Плутон на 12.500 километри и мина повеќе од осум часа во низа експерименти поврзани со атмосферата на планетата.

Сондата исто така ја снимала и нејзината ноќна страна со помош на светлата кои се рефлектирале од месечината Шарон на Плутон. Сондата сега е толку далеку што на радио сигналите, кои се движат со брзина на светлината, за тој пат до Земјата им се треба четири часа и 25 минути.

Следните денови „Њу Хорајонз“ продолжи да ги праќа забележаните податоци, а научниците најавуваат дека досега пратил само мал дел од она што го забележал. За праќање на собраните податоци ќе бидат потребни 16 месеци.

– Се уште не сте виделе ништо! Денешната снимка само е последна во фотоалбумот на „Њу Хорајзинс“, соопшти НАСА објавувајќи ја снимката од Плутон.

НАСА веќе ги објави првите фотографии во боја од Плутон и Шарон. Кога се работи за Плутон, најголемо откритие е дека планетата е во две бои. Тие покажуваат различни геолошки и морфолошки знаци.

– Некои подрачја се релативно стари, додека други се млади и поминуваат низ геолошка промена, изјави Џеф Мур од НАСА.

Повеќе податоци од Плутон ќе бидат познати откако ќе стигнат стереографските податоци. Кога се работи за Шарон, се претпоставува дека големата дамка со црвена боја на неговата површина всушност дошла од Плутон.

– Шарон нема атмосфера, колку што за сега е познато, вели Вил Гранди, член на контролниот центар. Наспроти тоа, неговата гравитација привлекува честички од кислород од Плутон.

Откако сондата пролета покрај планетоидот од мраз и карпи и неговата група од пет месечени, на Твитер се огласи и самиот претседател Барак Обама.

– Плутон штотуку го прими својот прв посетител. Благодарам НАСА. Ова е голем ден за откритијата и за американското водство, напиша Обама во пораката.

Научниците веќе сега знаат дека Плутон, порано сметана за девета најоддалечена планета на Сончевиот систем, е поголема од што се сметало, со размер од 2370 километри, што е околу 80 километри повеќе од претходните проценки.

Сондата не може да влезе во орбитата на Плутон поради неговата густа атмосфера, па мора да ја набљудува од далеку.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ