Првата задача на Бајден – битката со коронавирусот

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден во првиот говор по победата на изборите во САД најави дека прва задача по преземањето на функцијата ќе му биде борбата со пандемијата на коронавирусот. Бајден планира да формира посебен тим кој ќе биде задолжен за битката со вирусот кој е проширен во САД во огромни размери.

„Верувам дека Америка е светилник на планетата. Мораме да ја обновиме душата на Америка. Нашата нација е обликувана преку константната борба меѓу нашите „добри ангели“ и меѓу нашите „мрачни нагони“. Време е „ангелите“ да ја преземат контролата. Целата планета гледа во Америка и верувајте дека кога сме во најдобро издание тогаш Америка е светилник на палнетата. Ќе водиме не преку примерот на моќта туку преку моќта на примерот. Нема да штедам сила и труд за да ја ставиме пандемијата под контрола. Веднаш ќе формираме тим за борба против ковид. Тоа ќе биде тим кој со пандемијата ќе се бори со наука“ – порача Бајден.

Би можело да ве интересира

Тригодишно момче и двајца возрасни се убиени на Флорида

Рекорден број мигранти се движат кон границата со САД, нов тест за Бајден

(ВИДЕО) Американец падна во урнат мост поради инструкции на Гугл мап и се удави

Пронајдени се остатоци од исчезнатиот „невидлив“ американски авион

Горан Наумовски

Во САД: Исчезна „невидлив“ воен авион, армијата ги моли граѓаните за помош

Пред домот на американскиот претседател: Вооружен маж носи пароли со кои го навредува Бајден