Кинеските власти објавија дека успешно го спуштиле вселенското летало „Чејнџ 4“ на темната страна на Месечината, што е прв таков обид во целата историја на човештвото, објави Би-би-си.
Сондата, наречена по кинеската божица на Месечината, влезе во неделата утрото во планираната орбита, за да се овозможи слетувањето, по што во текот на изминатата ноќ, во 2.26 часот утрово, слета во Јужниот пол-Атикен, именуван по американскиот астронаут Роберт Грант Атикен во 1970 година. На себе ги има инструментите со кои научниците ќе можат да проучуваат и спроведуваат геолошки и биолошки експерименти. Освен мерни уреди, на себе има и панорамски камери.
#BREAKING: China’s Chang’e-4 probe successfully made the first-ever soft landing on the far side of the Moon on the South Pole-Aitken basin Thursday morning, a major milestone in space exploration. #ChangE4 pic.twitter.com/mt2YTWqlxs
— Global Times (@globaltimesnews) January 3, 2019
Сондата „Чејнџ 4“ испрати први фотографии, што досега се невидени, од површината на темната страна на Месечината. Немала директен контакт со Земјата, првите снимки ги испратила на сателит, а потоа на нашата планета.
Комуникацијата со Земјата претставувала одреден предизвик. Од таа страна на Месечината, која никогаш не е свртена кон нас, тешко е да се испрати сигнал, така што научниците се одлучиле за посреден пристап. Информации прво испраќале до сателит, а потоа тој ги проследувал до Земјата.
Кина во мај го лансираше сателитот „Квиквао“, чија задача е да пренесе информации од сондата кон нас.
Сондата ќе спроведе еден интересен експеримент. Со себе носи семе и ќе врши експерименти за одгледување зеленчук во затворени услови на површината на Месечината.