Првата дама на Азербејџан стана прв потпретседател на земјата

Од:

Првата дама на Азербејџан, Мехрибан Алиева е именувана за прв потпретседател на земјата, а указот е потпишан денеска од шефот на државата Илхам Алиев.

Функциите прв потпретседател и дополнителни двајца потпретседатели се предвидени со уставните измени, кои се изгласани во Азербејџан со референдумот одржан на 26 септември минатата година. Во измените се наведува дека при неможност претседателот да ги извршува своите обврски, тогаш неговите овластувања ги презема првиот потпретседател.

Илхам Алиев денеска ја назначи неговата сопруга како свој прв потпретседател на седница на Советот за безбедност на Азербејџан.

Мехрибан Алиева е родена на 26 август 1964 година. Таа ја предводи најголемата невладина организација во светот, фондацијата „Гејдар Алиев“, а истовремено е и амбасадор на добра волја при УНЕСКО и Исламската организација за образование, наука и култура (ИСЕСКО).

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска