Прва седница на Советот НАТО-Русија по кримската криза

Од:

Советот НАТО-Русија, чии седници беа замрзнати поради анексијата на Крим, ќе бидат обновени, се наведува во изјавата на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Тој наведе дека во наредните две недели, без да посочи точен датум, во Брисел ќе се одржи седница на Советот НАТО-Русија, на кои ќе се разговара за украинската криза и за исполнувањето на обврските од Договорот од Минск, како и за обновата на Авганистан и терористичките закани.

– Седницата е продолжение на политичкиот дијалог, кој беше посочен во одлуката на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО. Во исто време нема место за враќање на вообичаениот ритам на билатерални односи со Москва, додека Русија повторно не почне да го почитува меѓународното право, посочи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски