Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Од:

Земјоделците кои протестираа низ Европа успеаја да ја добијат својата прва отстапка од Брисел, бидејќи Европската Унија најави одложување на регулативата која бараше четири отсто од обработливите површини да останат недопрени за да се зајакне биолошката разновидност, пишува Гардијан.

Потпретседателот на Европската Комисија Марош Шефчовиќ ја опиша одлуката како „рака на помош“ за земјоделскиот сектор во тешки времиња.

Наведувајќи ги поплавите, шумските пожари во Грција, топлотните бранови низ јужна Европа и сушата во Шпанија, тој рече дека е важно да се слушаат земјоделците и „да се избегне поларизацијата што го отежнува секој разговор и дебата“.

„Чувствуваме дека имаме обврска да дејствуваме под овој притисок што го чувствува земјоделската заедница“, рече тој.

„Имавме бројни екстремни временски настани, суши, поплави во различни делови на Европа и имаше јасен негативен ефект врз производството и намален приход за земјоделците“, вели Шефчовиќ.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски