Прва јавна егзекуција во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта

Од:

Талибанските власти егзекутираа Авганистанец осуден за убиство – прва јавна егзекуција откако талибанците ја презедоа власта минатата година.

Егзекуцијата беше извршена во западната провинција Фарах пред неколку стотици луѓе и пред бројни талибански претставници, изјави Забинула Муџахид, портпарол на талибанската влада.

Тој рече дека одлуката за извршување на смртната казна била донесена „многу внимателно“, откако била одобрена од трите главни судови во Авганистан и врховниот водач на талибанците Мула Хаибатула Ахунџада.

Егзекутираниот Авганистанец беше осуден за убиство на маж пред пет години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан