Прва фотографија во боја од Марс

Од:

Вселенското возило Кјуриосити на НАСА синоќа од планетата Марс испрати прва панорамска фотографија во боја на кратерот Гејл каде се спушти сондата.

Од слетувањето на Марс во неделата навечер, сондата на Земјата испрати само неколку фотографии, црно-бели со слаба резолуција како и една видео снимка со слаб квалитет од спуштањето.

Роботот подоцна подигна централен столб на кој се наоѓа квалитетна камера која на научници на НАСА ќе им овозможи подобар поглед на околината. Кјуриосити се наоѓа на двегодишна мисија на Марс каде треба да ја фотографира околината и да собира и анализира примероци на тлото за да се установи дали во кратерот Гејл некогаш имало услови за развој на микроскопски организми.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ