Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

Од:

На помалку од две недели до првата претседателска дебата од изборниот циклус во 2024 година, Си-Ен-Ен објави детали за начинот на кој ќе се одвива дебатата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.

Дебатата, која ќе ја водат Џејк Тапер од Си-Ен-Ен и Дејна Баш во Атланта на 27 јуни, ќе биде првата меѓу двајцата претседателски кандидати. Двајцата кандидати ја прифатија поканата и се согласија да ги прифатат правилата и форматот на дебатата.

Во 90-минутната дебата ќе има две паузи за реклами, а лицата вклучени во кампањата нема да смеат да комуницираат со кандидатите во тој период.

За тоа каде ќе седат во студиото, ќе се утврдува со фрлање паричка.

Микрофоните ќе бидат исклучени во текот на дебатата, освен за кандидатот чиј ред е да зборува. Нема да бидат дозволени никакви однапред напишани белешки на сцената, а на кандидатите ќе им се даде само пенкало, хартија и шише вода.

Некои аспекти на дебатата – вклучувајќи го и отсуството на публика во студиото – ќе бидат отстапување од претходните дебати.

Би можело да ве интересира

Демократите бесни: Џо Бајден е виновен за катастрофалниот пораз

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

ВИДЕО: Камала Харис води на анкетите, Трамп ја обвинува за грабеж на 95 милиони долари

Катерина Ѓуровски

Зеленски за прв пат се огласи за гафот на Бајден и „претседателот Путин“

A1on

Врховниот суд на САД пресуди дека Трамп има „апсолутен имунитет“ за службени дејствија

Предраг Петровиќ

Хантер Бајден прогласен за виновен