Израел и САД денеска ја отворија првата американска воена база за ракетна одбрана на израелска територија.
Новиот објект е на непозната локација во една израелска база во јужниот дел на земјата и во неа ќе бидат стационирани десетина американски војници, кои ќе работат на системот за противракетна одбрана.
– Заедно со нашите партнери од војската на САД отворивме американска база првпат во Изреал, изјави бригадниот генерал командант на израелската противракетна одбрана Цвик Хајмовиц.
Тој додаде американско-израелската база не е директна реакција на некоја специфична закана или инцидент туку комбинација на „лекцијата“ научена во војната во Газа во 2014 година и разузнавачките анализи за идните закани.
– Имаме многу непријатели околу нас, поблиску и подалеку. Воената база не е дел од вежба или меневар туку ги претставува заедничките напори на Израел и САД да ја подобрат одбраната, посочи Хајмовиц.